Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Состојбата во Неготино со пожарите е арамантна, итно прогласување на вонредна состојба

Img 0709.jpeg

Според информациите од граѓаните во Неготино и околината, ситуацијата во неготинско со пожарите е алармантна. Во моментов беснее пожар кој се заканува на населено место, викенд населбата Калањево. Граѓаните информираат дека нема доволна механизација ниту навремена реакција од надлежните. 

Додека целиот државен врв е надвор од земјата, прашуваме каде е Силјановска да реагира на кризата? 

Дали воопшто се издадени потребните наредби за ангажирање на сите расположливи ресурси за гаснење на пожарите? 

Состојбата се влошува од ден во ден, државниот врв да се разбуди и да менаџира. 

СДСМ смета дека е потребно прогласување на вонредна состојба на регионот Неготино и итна консолидација и реакција на сите институции. Доколку е потребно итно да се обезбеди поддршка од соседните земји.

Можете да прочитате

„Не смееш ни да се разболиш“ – Атовска за суровата реалност на военото известување

Земјотрес ја стресе Албанија, се почувствува и во Македонија!

Пожар кај велешката болница: Брза интервенција спречи ширење на огнот