Утрински Весник
Економија

СДСМ: Состојбата е алармантна, над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски

Sdsm.jpeg
Dik 300x250 mk

Соопштение на СДСМ:

Над 11.000 фирми не исплатиле плати,  причините секако се лошите економски политики на власта. Состојбата во економијата и во стопанството е алармантна, драстично е намалена ликвидноста во стопанството, фирмите едноставно немаат средства за исплата на плати и обврски а  владата не им испорачува навремени средства.


Неисплатените обврски од страна на државата се огромни, за поврат на ДДВ и други договорни обврски достигнаа околу 900 милиони евра.

Унгарските пари се уште не стигнаа, ветените средства кои требаше да ја возобноват ликвидноста ги нема. Банките не го поддржуваат стопанството затоа што ја кредитираат државата, нема дополнителна поддршка од финансискиот сектор.

Власта нема јасни цели за развој на економијата – отсуствуваат стратегија и визија, што доведува до „разурната економија” која се распаѓа пред очите на граѓаните и на фирмите.

Можете да прочитате

Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден

Кнауф дел од Розовиот октомври

Божиновска: Зависноста од еден извор е ризик од минатото