Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Со СДСМ лозарите добиваат уште поголема поддршка, 9.600 денари по хектар и 100% зелена нафта

Lozari.jpg

о СДСМ лозарите добиваат уште поголема поддршка.

Традиционално пред големиот празник и заштитник на лозарите, Св. Трифун, до сметките на сите лозари се исплќаат дополнителна поддршка до 40.000 денари, по хектар и тоа дополнителни субвенции, или 28.000 денари и 12.000 денари по хектар дополнителна поддршка за претрпени штети по лозовите насади, до секој лозар и за винско и трпезно грозје.

СДСМ од оваа година спроведува нови мерки за унапредување на лозарскиот сектор и поголема поддршка за лозарите.

60.000 денари по хектар, вкупна поддршка, за семејни земјоделски стопанства, кои го произвеле и продале винското грозје, врз основа на склучен договор со регистриран производител на вино, со принос од најмногу 10.000 килограми по хектар и исплатена цена по килограм не пониска од 35 денари.

Од вкупната субвенција, лозарите добиваат 12.000 денари авансно и 48.000 денари дополнителна поддршка.

Од оваа година, субвенциите се исплаќаат авансно, а поддршката за мерката зелена нафта е зголемена на 100%, за сите земјоделци. Лозарите сега добиваат 9.600 денари по хектар поддршка за зелена нафта.

Продолжува поддршката со грантови за малите семејни винарии и малите дестилерии.

Грижата за лозарството и винарството се потврдува со подготвениот нов закон за вино, кој на лозарите им обезбедува гарантирана откупна цена на винското грозје.  Законот го зацртува идниот развој на овој сектор и предвидува нова посебна програма за поддршка.

СДСМ продолжува со силна поддршка за лозарството и винскиот сектор, кои имаат стратешка економска важност.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор