Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Со очајните спинови за Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ само ги потврдува сопствените скандали

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Тажни и очајни делуваат соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ секој пат кога ќе бидат фатени во скандал. Наместо да одговорат зошто се луксузираат на грбот на граѓаните, кои тонат во сиромаштија, тие се обидуваат да манипулираат и да го пренасочат вниманието.


Мицкоски тврди дека нема пари во буџетот за плати, нема средства за субвенции за електрична енергија, нема средства за минимална плата, нема пари за ништо – освен за приватни летови, тропско овошје и луксуз за Владата. Само за тоа има пари во буџетот.

Оваа стратегија на пренасочување на вниманието и лажни тврдења кога се во тесно, одамна е прочитана. ВМРО-ДПМНЕ не ја смени својата тактика повеќе од дваесет години. Како и што работи поранешниот претседател на СДСМ, не е од интерес за граѓаните – тој не е претседател на партијата веќе четири години.

Граѓаните сакаат одговори – дали и кога оваа Влада ќе направи нешто за да им го подобри животниот стандард?

Додека СДСМ беше на власт и премиер беше Зоран Заев, платите се зголемија за речиси 100%, се субвенционираше струјата за граѓаните, цените се држеа под контрола и имаше рекордни субвенции за земјоделците. Овие факти не можат да бидат избришани со манипулации на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип

СДСМ: Кочоска не се извинува, продолжува со својот манипулативен и арогантен однос

Метео анализа: До кога ќе трае сончевото време?