Утрински Весник
Скопје

СДСМ: Скопскиот маратон беше срамно злоупотребен од Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ

Sdsm.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Отворањето на „Визер скопскиот маратон“ од Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, за градоначалник на Скопје, според СДСМ е злоупотреба на овој настан во предизборни цели.

Од партијата велат дека на отворањето биле и 17 други кандидати за изборите.


Од СДСМ прашуваат во кое својство и зошто токму Орце е одбран да го отвори маратонот, кога тој, како што велат, нема никаква врска со него.

Според СДСМ, одговорот за ова е јасен и додаваат дека тоа е дел од „валканата кампања и злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Неговиот партиски другар од Министерството за спорт, Борко, решил да му потпомогне на Орце во изборната трка и да го го претстави како голем љубител на спортот кој го отвора Скопскиот маратон“, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата велат дека станува збор за дрско кршење на изборните правила и ги потврдува лажните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за фер кампања.

Во соопштението се додава дека партијата за оваа „злоупотреба“ ќе ги извести сите надлежни што се задолжени за следење на кампањата.

„И една порака до уплашеното ДПМНЕ, дајте барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, народот слободно оставете го да одлучува“, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар

Орце Ѓорѓиевски: Градот убав повторно блесна

ОЈО Скопје отворило предмет за „Зимзоленд“ – ќе испитува дали има елементи на делото предизвикување општа опасност