Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Скандал, 20.000 чинеле картите за бизнис класа на Мицкоски и министрите во САД

Kuzeska 1.jpeg

Интегрален текст од Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани,

Денес го откриваме целиот скандал со луксузните патувања на за Вашингтон на Мицкоски и министрите. Мицкоски, човекот познат по саатите од 60.000 евра, изгледа влегол во улога на султан па решил парите на граѓаните да ги троши за сопствени луксузирања. 

Откако со денови молчи за скандалозното патувања со синот на фамилијарна прошетка за Вашингтон, сега веќе два дена молчи и за цената на удобанта бизнис класа со која патувал за Вашингтон. Излгеда не можел Мицкоски да патува со економска класа и истовремено да носи часовник од десетици илјади евра. Денеска ја откриваме точната сума на нарачаните карти за него, а за да биде скандалот уште поголем, дознаваме и дека сите негови министри патувале со бизнис класа.

Бизнисмените од Владата, кои милуваат да кажат дека се луѓе од народот, потрошиле сите поединечно помеѓи 4 и 5000 евра само билетите од бизнис класа! Според нашите информации, За Христијан Мицкоски извршена е нарачка на бизнис карта, цена на повратен билет 237.072 денари или 4000 евра.

Да биде скандалот поголем, тоа не е најсакапта карта која е платена за ова патување. Па така, картата на Министерот за одбана Владо Мисајловски е платена дури 280.000 денари, а останатите две карти, на Панче Тошковски и Тимчо Муцунски, се платени околу 4500 евра секоја. Речиси 20.000 евра ги чини граѓаните само удобното патување на Мицкоски и министрите за Вашингтон! Ова ли е тоа душманско трошење на буџетот за кое секој ден беседи Мицкоски? Има ли образ да излезе и да ги оправда овие суми, додека зборува за домаќинско работење?

Затоа ли Тимчо Муцунски со денови ги крие трошоците кои се направени на ова патување? Прашуваме, колку пари се потрошени по хотели и други трошоци на државна сметка?

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните. Нема ден а да не се разобличат лагите и лажните ветувања од кампањата. Ветуваа домаќинско работење, се луксузираат во бизнис класи. Ветуваа транспарентност, се кријат од јавноста со денови. Ветуваа борба против криминал и корупција, а генералниот секретар на Владата Јанушев молчи за 325.000 евра поклон кој го добил како градежно земјиште во Центар?

СДСМ грешеше кога велеше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде само обична копија на претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е далеку полошо, поизмамничко и понечесно. 

Прашуваме:

Ќе реагираат ли конечно институциите на сите обвинувања и скандали? Кога ќе се произнесат и ОЈО и ДКСК за сите наводи кои СДСМ ги соопштува во јавноста во изминатиот период. Граѓаните бараа промени, ова што го добија е криминално здружение на манипуланти.

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk