Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Сите се пред нас – Македонија како слепо црево на Балканот

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Црна Гора и Исланд би можеле да влезат во Европската Унија како пакет.

Црна Гора веќе има затворено поглавјата и цели членство во 2028 година.

Исланд, доколку на референдумот одлучи да ги продолжи преговорите, брзо може да ја стигне.

Албанија напредува.

Молдавија напредува.

Украина напредува.

Македонија стои во место.

Мицкоски вети дека до 1 јуни ќе ја исполни Реформската агенда.

Рокот истече.

Реформите повеќе не ги ни спомнува.

Додека другите земји затвораат поглавја и преговараат за датуми, кај нас сè уште се чека Мицкоски да се врати од екскурзијата во Брисел и да ни соопшти што договорил за францускиот предлог.

Тимчо веќе прозбори за „таен план – план под радар”. Само уште Мицкоски да признае.

Проблемот е како тоа да им го каже на своите гласачи.

Ништо не исполни.

Лажеше за името, за Преспанскиот договор, за подобри услови, за гаранции…

Сега мора да ја признае политиката на СДСМ, исто како што призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата.

За НАТО веќе признаа и тој и Тимчо – дека е феноменален заради безбедноста на граѓаните и сигурноста на странските инвестиции.

Јазикот, културата и националниот идентитет се апсолвирани, како што рече претседателката Сиљановска.

Сега останува уште ова признание.

Мицкоски, можеш ти тоа.

Признај дека си лажел, но барем обезбеди подобра иднина за граѓаните на Македонија.

Додека другите влегуваат во Европа, Македонија се претвора во слепо црево на Балканот.

Ова е резултат на свесна политика на изолација.

Стравот од европското јавно обвинителство е голем.

Политика која ја штити криминалната група на власт, а граѓаните ги остава без перспектива.

Европа се движи напред.

Мицкоски и ВМРО нè држат назад.

Можете да прочитате

Црн чад се издига над Скопје, пожар во кругот на Железара

Косово го затвори Генералниот конзулат во Струга

Цариниците спречија шверц на 200.000 евра на Табановце – парите скриени во торби, ранец и куфер