Утрински Весник
Економија

СДСМ: Синдикалната кошница поскапа за 1.217 денари, дебакл на политиките на власта

Martin k sdsm 1.jpg

Прес конференција на Мартин Костовски – организациски секретар на СДСМ:

Почитувани,


Секој месец граѓаните добиват нов ценовен шок!

За една година се случи целосен дебакл на економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Податоците на Сојузот на синдикати се поразителни: за само еден месец, синдикалната кошничка поскапела за над 1.200 денари.  За 954 денари се зголемени трошоците за храна и пијалоци.

За едно четиричлено семејство потребни се речиси 63.000 денари месечно само за да преживее.

Основните намирници стануваат луксуз а платите не мрдаат. Три минимални плати се потребни за да може да се преживее месецот.

Животот е сѐ поскап, платите стојат, а мерки од владата – нема!

Додека премиерот Мицкоски ги чека анализите и не знае колку се покачени цените, граѓаните тонат во сиомаштија.

Се живее  се потешко, се преживува со задолжувања и жртвувања.

Дали министрите во Владата знааат колку чини да се наполни еден фрижидер? Очигледно не – затоа што додека народот крпи крај со крај фунционерите на ВМРО-ДМНЕ живеат надвор од реалноста, во свет на папаја, манго, октоподи.

Како да не било доволно, во април и мај, СОЗР склучила милионски договор за нови луксузни јадења, за лигњи, школки, лосос.

Ова што го прави Владата не е политика, ова е грабеж на народот!

Повикуваме власта веднаш да ги прифати предлозите за зголемување на платите и мерките за намалување на цените:

-Да се покачи минималната плата на 500 евра

-Да се спроведат мерки за повисоки плати за јавниот и приватниот сектор.

-Да се укине ДДВ за храна со што веднаш ќе се намалат цените на основните производи.

Не може народот да гладува додека министрите се гоштеваат на сметка на државата.

СДСМ е со граѓаните, ќе продолжиме да се бориме за поголеми плати, за достоинствен живот, за економија што служи на човекот, не на партијата на власт.

Можете да прочитате

ССМ: Минималните трошоци се покачија за 1200 денари

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Ангеловска-Бежоска: Според ЕБРД, Извештајот има прогрес, но и потреба од зајакнување на структурните реформи за повисок животен стандард