Утрински Весник
Економија

СДСМ: Се најавуваат мерки за намалување на цените, граѓаните имаат “чувство” – следува ново поскапување

Sdsm.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски повторно најави мерки за намалување на цените на горивата. Овојпат преку евентуално намалување на ДДВ.

Граѓаните одамна го знаат сценариото. Секогаш кога Мицкоски ќе најави „мерки за намалување на цените”, резултатот е ист.

Секоја негова мерка што требаше да ги намали цените, во пракса донесе ново поскапување.

Ова е модел.

Наместо реално намалување на цените, граѓаните добиваат:

  • нови празни најави,
  • удар по буџетот,
  • повисоки цени.

Затоа денес, кога Мицкоски повторно зборува за интервенција кај горивата, граѓаните не чувствуваат олеснување.

Чувствуваат страв. Затоа што веќе научија: кога тој најавува дека ќе ги намали цените, обично следи ново поскапување.

Мерки за намалување на цените што во реалноста носат нови поскапувања.

Дури и Монти Пајтон би имал проблем да измисли поапсурдно сценарио.

Главната порака е јасна и потврдена со искуство: Секоја мерка на Мицкоски за намалување на цените – носи ново поскапување.

Можете да прочитате

ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра

Здруженијата на превозници од Западен Балкан утре на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната

Од полноќ значително поевтини горива