Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Само поради инает ВМРО-ДПМНЕ го одбива предлогот на СДСМ за укинување ДДВ на храната

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ

Освен дека не им е грижа за стандардот на граѓаните, ВМРО ДПМНЕ потврдува дека само поради инает го одбива предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ за основните производи храна.

Предлог законоското решение на СДСМ ќе донесе намалување на цените на храната на над 250 категории производи што значи заштеда за граѓаните и до 2.000 денари месечно.

При тоа, бенефитите за граѓаните воопшто нема да ги оптоварат компаниите и трговите нема да може да ја изиграат оваа мерка.

Мерката е реална и лесно остварлива и ќе има вистински ефект за намалување а малопродажните цени на прехранбените производи и намалување на вредноста на потрошувачката кошница.

Нема ниту еден аргумент ВМРО-ДПМНЕ зошто е против оваа мерка, против ова законско решение. Против е само затоа што е поднесена од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ води тотално погрешна економска политика.  Мерката на владата на Мицкоски не даде никаков резултат, не се намалија цените на производите и само 57 денари се намали потрошувачката кошничка.

Со инает не им се помага на граѓаните туку им се одмага.

Можете да прочитате

Поради немање кворум, одложен изборот на Христовски за асистент

Доцнат повеќе социјални додатоци, граѓаните гневни чекаат по банките, надлежните повикуваат на разбирање

Скоро половина метар снег на Скијачките центри, а најтопло во Гевгелија со 15 степени