Утрински Весник
Економија

СДСМ: Само Мицкоски убаво живее, реалноста е дека економијата е на колена а стандардот на граѓаните урнат

448314775 789015946702594 802391780845283120 N.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Очигледно Мицкоски живее во паралелен свет, целосно отсечен од реалноста во која луѓето во Македонија едвај врзуваат крај со крај, се борат со поскапувања, мизерни плати, празни паричници и празни фрижидери. 


Наводно „добрата економска слика”  која не може да ја продаде Мицкоски е уште една провидна манипулација со кои се обидува да ја замагли катастрофалната реалност во која живеат граѓаните.

Постојано зголемување на цените, плати кои стагнираат, стандард кој постојано опаѓа, граѓани со се помалку пари. Тоа е болната реалност во Македонија.

Не се исплаќа поратот на ДДВ, субвенциите за земјоделците се намалени и каснат, нема реализација на капитални инвестиции, власта доцни и не може плати да исплати.

Кога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст значи бесмислени се било какви фалби, нема никаков раст.

Индустриското производство, еден од клучните индикатори за реалната економија, бележи пад од 0,8% во февруари 2025 во споредба со истиот месец лани. Тоа е јасен сигнал за опаѓање на економската активност.

Граѓаните многу добро ја знаат реалноста, нема никаква економија што цвета – има економија што стагнира и народ што осиромашува.

Можете да прочитате

Министерството за економија и труд почнува информативни денови за мерките за вработување – прв настан денес во Прилеп

Величковски: Финтек-решенијата носат промени во дигиталните плаќања и отвораат нови можности за трговците и граѓаните

Влада: Три пати поголем раст на БДП во првиот квартал споредбено со лани