Утрински Весник
Економија

СДСМ: Сѐ што кажа Мицкоски за енергетиката излезе погрешно, толку му е знаењето

СДСМ: Сѐ што кажа Мицкоски за енергетиката излезе погрешно, толку му е знаењето

Христијан Мицкоски со месеци ја плашеше јавноста со наводен недостиг на енергенси за домашниот енергетски сектор. Лажеше Мицкоски уште минатата година дека јаглен има уште за два дена, а оттогаш поминаа речиси 400 денови, јаглен има доволно а термоелектранитего зголемија производството за 25 отсто. Со месеци Мицкоски бараше да се набави гас за целата грејна сезона, во период кога цените на овој енергенс рушеа рекорди, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека секој месец цената на гасот опаѓа и купувањето гас за пократки периоди се покажа како успешна одлука на Владата. Доколку се набавеше гас во изминатите неколку месеци за целата грејна сезона, ќе се платеа 100 милиони евра плус сметајќи по сегашната цена на берзите, а која и натаму паѓа.

Мицкоски уште еднаш покажа дека не се разбира во енергетика, дека го бива единствено да шири лажни всти и деструкции, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен