Утрински Весник
Македонија

СДСМ: РЕК Битола не работи – граѓаните ја плаќаат неспособноста на ДПМНЕ

Rek Bitola.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

РЕК Битола не работи и не произведува струја. Ниту еден од блоковите 1,2,3 не се на мрежа.


На сред грејна сезона РЕК Битола е надвор од производство. Првиот и вториот блок утрово испаднаа од мрежа, а третиот подолго време не работи.

ДПМНЕ е неспособно да менаџира со енергетскиот сектор.  Новото раководство на ДПМНЕ пред да седне во фотелјите ветуваше работа со три блока и со 100 посто домашно ископан јаглен во рудникот, а сега нема ништо од тоа.

Во РЕК се троши повеќе увозен отколку ископан домашен јаглен а кога не работи се увезува скапа струја.

Срамно е ова што му се случува на ЕСМ и РЕК Битола за да се задоволат бизнис зделките на ДПМНЕ.

Енергетскиот систем е на колена, очигледно власта ги задоволува своите бизнис потреби а цената ја плаќаат граѓаните.

Трошоците за купување струја од берзата се огромни и тоа е врз грбот на граѓаните и државата, додека во исто време влијае сметките кои граѓаните ги плаќаат за електрична енергија постојано да бидат високи.

Можете да прочитате

Кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“, годинава запленети трипати повеќе пиротехнички средства

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Следната недела првиот состанок со странските експерти за случајот што го обзнани интервентниот кардиолог Кедев