Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска за една година на Скопје му приредија катастрофа, го претворија во град со нефункционални претпријатија, кои не можат да ги обезбедат ниту основните функции за граѓаните, соопшти СДСМ.
„ Поради нивната неспосбност во Скопје продолжува хаосот. И наместо да го работат тоа за што се избрани од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се прозиваат за учество во ваклани игри, се навредуваат и клеветат.
Цената за нивните кавги за тоа чии раце се во медот ја плаќаат граѓаните. Скопјани се оставени без јавен превоз, ЈСП тонe во долгови, а ништо не е подобра ситуацијата и во други јавни градски претпријатија. Сообраќајот е заглавен и поради започнати, раскопани и недовршени улици, зголемено е загадувањето.
Нема проекти, нема бесплатен јавен превоз, нема ни трага од Модерно Скопје, наместо тоа Скопје за прв пат во историјата остана без јавен превоз. ВМРО-ДПМНЕ во Скопје има градоначалничка, претседател и мнозинство во Советот, најголем дел од директорите на јавните градски претпријатија и на членовите на управните одбори.
Сите тие на чело со Мицкоски се одговорни за хаосот и катастрофата што му се случува на Скопје. Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ е големо разочарување за граѓаните“ се додава во соопштението на владејачката партија.