Утрински Весник
Економија

СДСМ: Пројде Велигден а од Мицкоски мерки нема 

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Еве и Велигден помина, но Христијан Мицкоски не презеде ниту една конкретна мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните.


Нели Мицкоски најавуваше мерки по празниците? Нели ќе преземеше нешто? 

Ништо, пак ги излажа граѓаните.

Нема замрзнување или ограничување на цените на производите.

Нема мерки за поддршка за најранливите категории. 

Нема мерки за стабилизација на пазарот.

Нема намалување на ДДВ на храната. 

Мицкоски ги остави граѓаните сами да се справуваат со скапотијата.

СДСМ предупредуваше дека без навремени мерки ќе се случи токму ова, спирала на поскапувања која директно го удира стандардот на граѓаните.

Денес, тоа е реалност.

Основните прехранбени производи се поскапи, месото поскапе, зеленчукот, маслото и јајцата поскапеа најмногу а секојдневните трошоци за живот растат од ден во ден. 

Поради Мицкоски семејствата се со празни фрижидери и празни џебови и под сериозна неизвесност како да го поминат месецот.

Мицкоски мора да престане со овој игнорантски однос, да преземе мерки за намалување на цените и наместо само за својот бизнис да помисли малку на граѓаните.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра