Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Предвремени избори нема да има, на редовните парламентарни избори во 2024 Мицкоски ќе доживее нов пораз

СДСМ: Предвремени избори нема да има, на редовните парламентарни избори во 2024 Мицкоски ќе доживее нов пораз

Во годината пред нас продолжуваат мерките и политиките за справување со последиците од светската криза, но и реформите важни за нашиот евроинтеграциски пат и затоа е важно сите институции да функционираат со целосен капацитет. Предвремени избори нема да има. Нема да има не затоа што СДСМ се плаши од нивниот резултат, туку затоа што имаме цели и задачи кои сме презеле обврска да ги реализираме до редовниот термин за избори, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека реформите на сите нивоа ќе се случат без разлика на јавните лелекања на Христијан Мицкоски со кои трага по свои сојузници во власта. Граѓаните ќе ги препознаат искрените политики на новото раководство на СДСМ и затоа Мицкоски во 2024 година, на претседателските и на парламентарните избори, ќе ги прокнижи седмиот и осмиот пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека ретроградните сили кои сонуваат за враќање во минатото и одржување на статус кво во борбата против корупцијата, со единствена цел да си го заштитат нелегално стекнатото богатство, прават есап без крчма. Напорите за достигнување на неселективна правда е поголемо и од СДСМ и од ВМРО- ДПМНЕ и од ДУИ!

Тоа е национална цел број еден која ќе биде испорачана заради иднината на нашето заедничко општество, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи

ВМРО-ДПМНЕ ги откри кандидатите за 16 општини – Куманово и Центар поддржани од коалицијата ЗНАМ

Шумска мафија: Кривична пријава за шестмина за штета од над 170.000 евра