Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Предвремени избори нема да има, Мицкоски останува заложник на Апасиев и во сенка на Груевски

СДСМ: Предвремени избори нема да има, Мицкоски останува заложник на Апасиев и во сенка на Груевски

Ништо не е променeто кај Мицкоски. Ја започна годината исто како што ја заврши и како што ја тераше цела мината 2022 година, оценуваат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски, велат од таму, нема став за ниту едно важно државно или стратешко прашање, само седи на страна, во неизвесност за својата фотелја во Белиот дворец и лелека за избори.

„Предвремени избори нема да има. Мицкоски во 2024 година го очекува 7-от и 8-от последователен пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Јавните лелекања на Мицкоски, ниту пак неговите фабрикувани лаги за ново мнозинство, не можат да ги спречат реоформите ниту напредокот на земјата.Членството во ЕУ со признаен македонски јазик и идентитет е врв на патриотизам и исполнување на стратешка цел поставена од независноста“, децидни се од партијата на власт.

Според нив, предавство е да се лаже својот народ, да се блокира европскиот пат и признавањето на македонскиот јазик и идентитет во големото семејство на европски народи.

Мицкоски, како што додаваат, останува заложник на Апасиев и во сенка на Груевски, го лаже народот дури и на Божиќ.

„СДСМ продолжува со реформскиот курс, со економски политики за раст на платите и пензиите и заштита на стандардот на граѓаните, продолжува со инвестициите и со чекорите за полноправно членство во ЕУ“, истакнуваат од владејачката партија.

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата