„Христијан Мицкоски со години го лаже своето членство, ги лаже граѓаните. Пред само два месеци Мицкоски повторно најавуваше дека има 61 пратеник и дека во јануари или февруари ќе има ново парламентарно мнозинство за да се распушти Собранието и да се распишат предвремени избори. Еве пројде јануари, дојде февруари ниту Мицкоски има 61 пратеник, ниту има ново мнозинство, ниту распиштање на Собранието. А владејачкото мнозинство може да се зголеми“ соопштуваат од СДСМ.
Оттаму велат дека „Мицкоски ги лажеше и ги плашеше граѓаните и за енергетската криза дека нема да има доволно струја и енергенси, дека електричната енергија значително ќе поскапи, дека ќе има рестрикции“.
„Сето тоа е демантирано од реалноста, исто како што му потонаа лагите за асмилација и бугаризација, за македонскиот јазик како бугарски дијалект и ред други невистини изнесени од Мицкоски. Со лаги Мицкоски се бори да дојде на власт и да ја спаси својата фотелја во Белата палата, но повеќе никој не му верува. После толку многу лаги единствено што може Мицкоски да направи е да им се извини на граѓаните“ се вели во партиското соопштение.