Утрински Весник
Економија

СДСМ поддржува 500 евра минимална плата

Sanja L Sdsm.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

СДСМ во изминатиот период докажа дека минималната може и мора да се зголемува и тоа го правевме со соодветни законски решенија.


Сега гледаме дека цените постојано растат, животниот стандард на граѓаните континуирано опаѓа, владата не нуди никаква економска политика којашто ќе значи повисоки плати за работниците, и ликвидност на компаниите. Гледаме дека ефектите коишто ги имаа кошничките не го дадоа резултатот, нема никакви ефекти.

Ние секогаш сме биле на страната на работниците и да се зголеми платата, така да ја поддржуваме борбата на синдикатите за 500 евра минимална плата.

Сите наши економски мерки коишто ги поднесовме во изминатиот период како и оваа денеска одат во интерес на зголемување на платите на граѓаните, односно на работниците.

Можете да прочитате

Арнаудова-Стојановска: Расте штедењето во денари и на долг рок

Клековски против минималната плата од 600 евра

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година