
Соопштение за јавност на СДСМ:
После една година мандат на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на Тимчо Муцунски, состојбата на меѓународен план е катастрофална.
Од земја која отвори преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет, денес сме претворени во невидлива точка на европската и светската мапа и со целосно блокиран европски пат.
Тоа е резултатот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на Тимчо Муцунски.
Владата не само што не ги исполни ветувањата, туку ја уназади позицијата на државата на меѓународен план и ја заглави земјата, оставјќи ги младите без перспектива.
Власта ветувааше подобра преговарачка рамка, подобра позиција. Наместо тоа, направи целосна блокада на европскиот пат. Македонија е заглавена, изолирана и оставена зад сите во регионот. Зад Албанија, зад Црна Гора.
За 1 година влада на ВМРО-ДПМНЕ Македонија нема ниту еден меѓународен успех, ниту еден државен успех на меѓународен план. Нема ништо.
Ни се случи историски шамар во Европскиот парламент токму од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ.
Ги нема ниту ветените инвестиции од САД, но затоа власта доби 33% зголемена царина.
Владата нема стратегија, нема план, нема компас. Не знае каде оди ниту каде ја движи државата.
Министерот за надворешни, Тимчо Муцунски, за цела година нема ниту еден постигнат успех, ниту еден значаен резултат. Единствено што видовме е хаос, партизација и распад на дипломатската служба.
После една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ Македонија е понижена и меѓународно заглавена. Ако се цени по досега покажаното, најлошото допрва доаѓа.