Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Пари за Кочани нема, ама има 780.000 евра за два тендери за промоција на Мицкоски 

Simona pres image 2025 05 31.jpeg

Прес-конференција на Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ

Почитувани, 


Власта на ВМРО-ДПМНЕ буквално аздисува со парите на граѓаните. Летаат тендери, јавни набавки, власта на големо троши пари ама за лична промоција и политички маркетинг.

На ангро се перат пари.

Каде завршуваат народните пари? Во чии џебови?

Денеска ќе објавиме уште еден скандал.

Додека семејствата на загинатите во Кочани немаат никаква поддршка од владата, додека болниците немаат никакви услови, кочанската болница е во хаос, Владата предводена од Мицкоски троши милиони од државниот буџет за да си го „билда”рејтингот!

Владата склучила договор со бугарска фирма за фотографирање, снимање видеа и спроведување кампањи. Не за граѓаните, туку за промоција на Мицкоски и неговите „успеси”. И тоа – не било каде, туку преку бугарска компанија.

Додека во Македонија граѓаните едвај преживуваат, не можат да наполнат цела кошничка во маркет, Владата ќе фрла астрономски суми, 1.500 денари за една фотографија и над 15.000 денари за едно видео. 

Вкупно 380 илјади евра!

Претходно Владата склучи договор вреден 400.000 евра за анкети за мерење на рејтигнот на Мицкоски. Анкети, спотови, слики – 780.000 евра народни пари за да се продава лажната слика.

Пари за реални проблеми нема. Пари за болници нема. Пари за семејства од Кочани – нема.

Но затоа има пари за „спотче”, сликичка и комуникациски кампањи за Мицкоски!

780 илјади евра за маркетинг на владата само со две јавни набавки!

Ова е класичен грабеж и перење на народни пари и ништо друго.

СДСМ бара итна истрага за начинот на кој се трошат државните пари. Ги повикуваме Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да отворат постапки за овој случај. Доста беше молк и амнестија!

Македонија не смее да стане заложник на тендерски шеми на Мицкоски. Граѓаните заслужуваат правда, поддршка и вистински проекти – не пропаганда!

Можете да прочитате

100 дечиња заглавени во Албанија на враќање од карате првенство откако по втор пат автобусот се расипал на сред пат

И синот на Филипче матурант: “Животот ќе ти зависи од одлуките кои ги носиш”

Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори