Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

По меѓусебните обинувања за тендери, пари, влијание, неработа и криминал, кулминираше кавгата меѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска.
Тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата помеѓу кадрите на Мицкоски, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Сега Мицкоски пред граѓаните треба да каже, која е неговата улога во тендерот вреден 136 милиони евра за пречистителната станица? По една година од локалните избори се покажа вистинското лице на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Скопје како и во општините на главниот град.

Наместо да работат за граѓаните, за скопјани, за развојот на градот, тие се скараа за тендери и провизии.

Сите надлежни институции да ги истражат сомнежите за криминал и да следува одговорност, а градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да се фатат за работа во интерес на граѓаните, кои од нив очекуваат решенија и развој, а не кавги и препукувања“ се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт