Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Освен заложник на Апасиев, Мицкоски е политичар со најмногу промашени изјави

СДСМ: На Мицкоски не му е гајле за граѓаните, само тендерите му се во глава

Според партијата на власт, Христијан Мицкоски, заложникот на Апасиев е политичар со најмногу промашени изјави, политичар без став и визија на кој не може да му се верува.

dobivaj vesti na viber

„Мицкоски, тврдеше дека до крајот на јануари ќе има 61 пратеник за распуштање на Собранието, дека се вршат притисоци врз пратениците. Мицкоски нема 61 пратеник, нема распуштање на Собранието, туку парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес, како што се случи и пред една година, кога најавуваше дека има парламентарно мнозинство. Од друга страна, Христијан Мицкоски покажа целосно непознавање за енергетиката. Мицкоски ширеше паника кај граѓаните, дека за оваа зима нема да има доволно електрична енергија и енергенси, дека ќе има рестрикции, дека цената на електрична енергија драстично ќе се зголеми“, истакнуваат од СДСМ.

Оценуваат дека денес, за првпат во 70 години, со полн капацитет работат сите енергетски постројки во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите. За прв пат среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство.

Цената на струјата, додаваат од СДСМ е намалена за 20 отсто, за околу 70.000 мали компании, што се на регулираниот пазар, а 99,2 отсто од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.

„Мицкоски го лажеше народот дека со прифаќањето на европскиот предлог, ќе следи асимилација и бугаризација, лажеше дека македонскиот јазик ќе бил прогласен за бугарски дијалект, дека нема да започнеме преговори со ЕУ. Преговорите започнаа и тоа со заштитен идентитет и јазик.
На Христијан Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев, не може да му се верува, се што кажа промаши, се наведува во соопштението од СДСМ.

Можете да прочитате

Јанев: Со мојот тим создаваме услови секој полицаец да се чувствува почитуван и мотивиран

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “Support Коcani“

ЛАДЕН БРАН СРЕДЕ МАЈ: Доаѓаат обилни дождови, ветер и снег!