Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Одговорите за посетата на Курти во Чаир и Тетово барајте ги од Мицкоски

СДСМ: Одговорите за посетата на Курти во Чаир и Тетово барајте ги од Мицкоски
Dik 300x250 mk

СДСМ на својата официјална Фејсбук страница се огласи во врска со вчерапната неофицијална посета на косовскиот премиер Албин Курти на Македонија при која официјално се сретна со градоначалниците на Чаир и Тетово.

dobivaj vesti na viber

– Сите одговори на прашањата околу вчерашните настани во Скопје и Тетово треба да ги даде Христијан Мицкоски.
Неформалните коалициски партнери на Мицкоски и ДПМНЕ се организатори на настаните во Скопје и Тетово.
Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми.
Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа.
Јавноста знае дека Мицкоски го предлагаше Африм Гаши за нов мандатар на Владата. Ако денеска ДПМНЕ е наводно згрозена од неговото дејствување нека му се обрати директно.
Како партијата наследник на соработникот на фашизмот Ванчо Михајлов, ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува ниту за историјата, ниту за сегашноста, а најмалку за иднината на државата – пишува во објавата на СДСМ.

Можете да прочитате

(Видео) Не е само почвата – и Вардар е затрупан со ѓубре

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“