Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Оддавањето почит на гробот на Енвер Хоџа е потсетник дека Левицата е радикално вљубена во режим

СДСМ: Оддавањето почит на гробот на Енвер Хоџа е потсетник дека Левицата е радикално вљубена во режим

Политичката партија Левица е иста како ВМРО-ДПМНЕ, се восхитува на авторитарни режими и сака да ја види државата во изолација, велат од СДСМ откога партијата оддаде почит на гробот на албанскиот државник Енвер Хоџа.

dobivaj vesti na viber

Според СДСМ, оддавањето почит на партиска делегација е само потсетник за тоа колку оваа партија е радикално вљубена во режим.

„Левицата е иста како ВМРО-ДПМНЕ. Воспева тоталитаристички лидер, кој својата земја со децении ја има затворено, уназадено и меѓународно изолирано. Левицата е радикална партија поддржувач на авторитарни режими и во тоа е иста како ВМРО-ДПМНЕ, партијата што и сама имаше инсталирано режим во нашата држава.

ВМРО-ДПМНЕ и Левицата се лицето и опачината на ретроградните елементи на политичката сцена во Македонија. Затоа се единствените што се против европската иднина на државата и затоа секојдневно се натпреваруваат во тоа кој ќе има порадикални и поекстремни ставови. Поради таквиот меѓусебен однос, Христијан Мицкоски ја доведува ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на Апасиев и Левицата“, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег