Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Од наводен коректор на политиките на Владата, ЗНАМ се претвори во гума за бришење

1729964432 Sdsm.jpeg

Денешната прес конференција на министерот за јавна администрација од редовите на ЗНАМ, Горан Минчев потврди дека и тој и неговата партија се безгласна буква во кабинетот на Мицкоски, соопшти СДСМ.

„Минчев потврди дека како прв човек задолжен за реформите во јавната администрација не е дел од владината работна група, која треба да понуди ново решение по укинувањето на балансерот, со одлука на Уставниот суд.

Минчев потврди дека ЗНАМ е никој и ништо во Владата на Мицкоски.

Минчев потврди дека оваа Влада нема своја автентична политика.

Но Минчев потврди дека политиките на Владата на СДСМ не само што биле испрацни, туку и го трасирале вистинаниот реформски пат, според европските стандарди.

Реформата на јавната администрација ќе се одвива според Страрегијата 2023-2030 и акцискиот план донесени од Владата на СДСМ.“ – се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Празничниот анимиран филм за сите возрасти „Божиќната магија на животнитe“, во кината

СДСМ за „Адитив“: Бараме брза, транспарентна и темелна истрага, институциите да постапат без селективност

Нова линија на Туркиш ерлајнс: Охрид-Истанбул