Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Очигледно Мицкоски стравува од истрагата за Онкологија

Освен што не направи ништо за Резолуцијата во Бундестагот, Мицкоски покажа големо незнаење, велат од СДСМ

„Мицкоски, наместо да ја поздрави акцијата на надлежните институции, која се отвора за прв пат после 20 години, ја политизира и ја поврзува со избори и ја меша со непостоечка надлежност.

dobivaj vesti na viber

Тоа е потврдува дека очигледно Христијан Мицкоски стравува што ќе покаже истрагата за случајот на Онкологија, за се што се правело со грозоморната шема воспоставена пред многу години.

Нема промена во криминалната матрица на ДМПНЕ.

Ниту Мицкоски ниту ДПМНЕ не ги интересира правдата а злупотребата на болните говори колку ниско е падната оваа партијата.

Истрагата за Онкологија е во тек и ја водат надлежни инстутции а не политички партии. Секој виновен без разлика на партиска, етничка и каква било припадност ќе одговара за сторените недела“.

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите