Утрински Весник
Македонија

СДСМ обвинува: Наместо терапија за пациентите на онкологија, власта троши пари на луксуз

Onkologija.jpg

Здравствениот систем е во колапс, онколошките пациенти во Македонија веќе седум дена се без биолошката терапија која им е неопходна за живот. Наместо итни решенија, од надлежните слушаме само оправдувања и префрлување на одговорноста, обвинуваат од СДСМ.

Белкиса Зеќири од Комисија за здравство СДСМ ја потенцира хуманитарната катастрофа која произлегува од „крајно аматерскиот и неорганизиран пристап“ на власта. Изговорите за „комплицирани административни процедури“ и „зголемен број на пациенти“ не се соодветни во услови кога животот на онколошките пациенти е директно загрозен.
Според СДСМ, дополнителна вина лежи во неодговорноста на Фондот за здравствено осигурување, чиј директор доцнел со преземање на мерки и планирање на набавките. Укажуваат дека целата 2024 година не биле набавувани лекови на реверс, што поставува прашање – зошто никој од надлежните не реагирал навремено?


„Животот на пациентите со метастатски канцер е сериозно загрозен поради ваквата неодговорност,“ велат од СДСМ. Одговорноста за овој колапс, според нив, е кај премиерот Мицкоски и министерот Таравари, кои не успеале да одговорат на потребите на граѓаните.

Дополнително, се истакнува дека ветените реформи и подобрување на здравствениот систем останале само празни зборови. Во меѓувреме, владата троши пари на луксузни проекти, мебел и нови авиони, додека за пациентите се обезбедуваат лекови преку донации – што според СДСМ, е недостојно и срамно.

Од СДСМ ги повикуваат Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување да преземат итни мерки за обезбедување на потребната терапија и да ја зголемат достапноста на здравствениот кадар на Клиниката за онкологија.

Можете да прочитате

Муцунски на средба со извршната потпретседателка на Европската комисија Роксана Минзату

Промоција на „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски

Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните