Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нови мерки на Владата за помали цени на храната

СДСМ: Нови мерки на Владата за помали цени на храната

„Продолжуваат мерките на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски за поддршка на граѓаните и стопанството во време на светска економска и енергетска криза. Компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи, ќе набавуваат поевтина електрична енергија“ велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата соопштуваат дека „компаниите што произведуваат основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, како и компании од месната и живинарската индустрија ќе плаќаат електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час“.

„Оваа мерка на производителите на основни прехранбени производи ќе им овозможи да имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат. Со ваква цена на електричната енергија, крајните цени за потрошувачите треба да се намалат за најмалку 10 отсто“ стои во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Утре и задутре следува нова кратка промена на времето и врнежи

Тошковски: Борбата против криминалот и корупцијата се води без селективност – институциите постапуваат врз основа на докази и закон

СДСМ: Уште колку животи треба да згаснат за Тошковски да поднесе оставка?