Утрински Весник
Економија

СДСМ: Нови 50 милиони евра за максимално домашно производство на струја

СДСМ: Нови 50 милиони евра за максимално домашно производство на струја

Во услови на светска енергетска криза, институциите предводени од СДСМ спроведуваат ефикасни и навремени мерки за обезбедување на соодветно количество електрична енергија за граѓаните и стопанството. Со последната одлука на Владата, обезбедени се нови 50 милиони евра за ЕСМ, за да може максимално да го зголеми производството на електрична енергија,се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека домашното производство на струја веќе е зголемено, во функција се ставаат сите расположливи капацитети и енергетски потенцијали, како и од нови обновливи извори на енергија.

Тука се и мерките за заштеда на струја во институциите, со кои нивната потрошувачка треба да се намали за 15 отсто. Предложени се и поедноставени процедури за поставување на фотоволтаици.

Од СДСМ наведуваат дека во услови на вртоглав раст на цените на електричната енергија на светските берзи, СДСМ се грижи за стандардот на граѓаните и преку субвенции ги заштитува од ценовен шок. Обезбедено е субвенционирање на 80 отсто од цената на сметката за струја за граѓаните, а граѓаните плаќаат само околу 20 отсто од цената.

Сите граѓани, но и 72.000 мали потрошувачи, а тоа се помали приватни компании плаќаат 20 отсто од потрошената струја, а 80 отсто е субвенционирано од државата.

СДСМ и во време на криза со одговорни политики, се грижи за сите граѓани, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

СДСМ: Инфлацијата од 4,5% руши рекорди – граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Наскоро сите домашни производи ќе се означени со „Македонско најдобро”

СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира