Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нов вооружен грабеж, Тошковски не може да ја гарантира безбедноста на граѓаните

Sdsm 1.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Како во лош криминален филм среде Скопје се случи вооружен грабеж во позната продавница за техника, во градскиот парк.

Додека се уште работела продавницата, криминалците со качулки на главите и експлозивни направи кај себе извршиле дрско вооружено разбојништво. 

Граѓаните веќе не се безбедни не само на улиците туку веќе не се безбедни ниту во продавниците. Безбедноста на граѓаните е целосно нарушена поради неспособноста на Тошковски. 

Само еден ден пред овој вооружен грабеж, македонското знаме беше запалено а се пукаше со автоматски оружја. Пукачите не се приведени се уште.

Безбедносниот систем е разрушен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еднаш се потврдува дека Тошковски и МВР немаат контрола  над безбедноста, институциите не може да ја гарантирааат безбедноста на граѓаните како што треба.

Во последните 5 месеци се случија над 20 вооружени инциденти и убиства.

Ова е резултат и на партизацијата на МВР и безбедносниот апарат за политички интереси на Мицкоски и ДПМНЕ. 

Тошковски е најнеспособниот миистер во историјата и треба да си поднесе оставка.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ денот почнуваше со скандал и криминал

Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража

Николовски: Царинската управа ги затегна чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите