Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Незаконски се отпушта претседател на синдикална организација во „Водовод и канализација“

ССМ: Претседателот на синдикатот на „Водовод“ незаконски е избркан од работа

„Отпуштањето на претседателот на синдикалната организација на ЈП „Водовод и канализација“ Стојанче Кашиковски е незаконско и спротивно на Колективниот договор.

dobivaj vesti na viber

И според Законот и според Колективниот договор никој не смее да отпушта претседател на сидникална организација.

Дополнително, ова е силен облик на притисок имајќи предвид дека вработените во ова јавно претпријатие се подготвуваат за штрајк, поради кршење на работничките права.

ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска го вратија Град Скопје во најцрните денови од режимот, каде директори на јавни претпријатија незаконски отпуштаат вработени и предизвикуваат колапс во работењето.

Сите надлежни институции да се вклучат во расчистување на незаконскиот отказ на претседателот на синдикалната организација во „Водовод и канализација““,

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

Грција со силна поддршка за реформите во праводуството и европската интграција на Македонија

Уапсени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Сообраќаец кривично ќе одговара, наместо казна пуштил со опомена возач кој возел над 50 км/ч над дозволената брзина