Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нема нов Клинички центар, потона уште едно лажно ветување на ДПМНЕ

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Потона уште едно лажно ветување на ВМРО-ДПМНЕ, нема да има нов Клинички центар.


Пред изборите ветуваа модерен, нов Клинички центар кој ќе овозможи подобри здравствени услуги за сите граѓани.

Денес, кога се на власт, признаваат дека нема да го реализираат ова ветување, а наместо тоа, нудат импровизирано решение – пребукирана Градска општа болница „8 Септември” да стане регионален центар.

Ова не е реформа во здравството, ова е уште еден доказ за неспособноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните нема да добијат подобра здравствена услуга, нема да се намалат листите на чекање, нема да има суштинско подобрување на системот. Напротив, само ќе се продлабочат проблемите во здравството.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да реализира ниту еден капитален проект во здравството. Ако можат без проблем да договараат сомнителни кредити од Унгарија, тогаш нека обезбедат средства и за Клинички центар. Но наместо тоа, нивниот приоритет е партиските интереси, а не здравјето на граѓаните.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на скопска обиколница: Четири лица загинати

Мечка шета низ Битола, Коњановски уверува: Надлежните се веќе на терен

Андоновски откри дека Македонија била мета на сериозен сајбер-напад врз владините системи