Утрински Весник
Економија

СДСМ: Нафтата повторно поскапи, а Мицкоски брза да се задолжи – буџетот „во одлична кондиција” за нови тендери

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Додека цената на нафтата повторно расте и граѓаните плаќаат сè поскапи сметки, Мицкоски и неговата влада објавуваат дека „буџетот е во одлична кондиција” и веднаш бараат ново задолжување.


Економската политика на криминална група ВМРО е класичен пример на популизам, неодговорно трошење и отсуство на вистински реформи.

Наместо фискална консолидација, продолжуваат со огромни буџетски дефицити од над 3,5%, растечки јавен долг кој брзо се приближува и надминува 60% од БДП и масовно ново задолжување преку скапи кредити и еврообврзници.

Инфраструктурни проекти без реални резултати и субвенции без контрола само го продлабочуваат структурниот проблем.

Странските инвестиции паднаа за 60% поради недоверба во Владата и нејзиниот неуспех да ја реализира реформската агенда.

Продуктивноста и конкурентноста стагнираат, а граѓаните се сиромашни, додека тајкуни и партиски блиски се богатат на сметка на иднината на државата.

СДСМ веќе два месеца ја моли владата да усвои мерки за заштита на граѓаните од растот на цените. Мицкоски молчи.

Фактите се јасни:

•  Потрошувачката кошничка поскапе за 3.500 денари.

•  Минималната плата не е зголемена.

•  Нафтата и ѓубривото поскапеа – директен удар врз земјоделците, што ќе донесе нови поскапувања на основните прехранбени производи.

Прашањето е логично: Дали владата не воведува мерки за да некој профитира?

 Дали штити лични и партиски интереси на грбот на народот?

Буџетот „во одлична кондиција” брза да се задолжи за да има пари за нови тендери.

Мицкоски може да купи уште еден часовник од 65.000 евра. А на граѓаните им остануваат празни фрижидери и празни паричници.

Нека ги полнат со патриотизам – порачуваат големите Македонци од владата со бугарски пасоши.

Граѓаните јасно гледаат: додека Мицкоски и ВМРО-ОКГ се грижат за своите тендери и луксуз, народот плаќа сметка.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

Можете да прочитате

Одлука на НБРМ: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2% и во третото тримесечје од 2027 година

Мицкоски: Ребалансот на Буџетот оваа недела треба да помине на владина седница

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 20 милиони евра, ќе отвори околу 500 работни места