Утрински Весник
Економија

СДСМ: Највисоки откупни цени на тутун, исплатени рекордни 26 милиони евра за тутунарите

СДСМ: Највисоки откупни цени на тутун, исплатени рекордни 26 милиони евра за тутунарите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Исплатени се рекордни 26,3 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година на сметките до 15.753 производители на тутун, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Како што беше најавено, Владата предводена од СДСМ во месец април ги исплати субвенциите и тутунарите веќе ги добиваат средствата на своите сметки. Ова е историска и рекордна исплата. Висината на директните плаќања изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун , 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа.

Откупот на тутунот од реколтата 2022 достигна рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44% во споредба со реколтата од 2021 година. Истовремено, откупот помина без ниту еден проблем, а целокупното производство од реколтата 2022 беше откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок.

Дури 80% од тутунот да биде откупен во прва класа, што претставува уште еден историски успех за производителите на тутун, а вкупната вредност на откупениот тутун во 2022 година достигна 6 милијарди денари и во целост е исплатен од страна на откупните претпријатија“ велат од владејачката партија.

Можете да прочитате

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%

Синдикалната минимална кошница за декември изнесува 65.492 денари, со зголемување од 319 денари

Visa и Mastercard ќе платат 167,5 милиони долари за спогодба за банкоматските такси