Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Морбидни обивнувања на Мицкоски и измислени приказни за пожарите

Whatsapp image 2025 03 25 at 14.50.40.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Нема крај на морбидното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мцикоски. Во услови на огнена стихија и прогласена вонредна состојба на територија на целата држава, партијата на власт наместо да бара решенија, бара изговори за катастрофата. 


Минатата година со ВМРО-ДПМНЕ на власт изгореа помеѓу 10% и 15% од целокупната територија на земјата. И тогаш наместо одговорност, Мицкоски бараше виновници додека ветуваше дека ЌЕ биде подобро следната година.

Точно една година подоцна, во моментов гори тоа што остана од шумите и зелените површини низ земјава да догори. 

Нема нова опрема – промовираа стари реновирани хермелини и БТР кои ги нема никаде на терен бидејќи веќе се во сервис. 

Нема нови авиони, поточно, воопшто нема авиони. 

Нема пилоти, иако ветуваа дека за една година ќе обучат и вработат доволно нови пилоти.

Нема нови пожарникари, а сега за 24.000 денари бараат привремени пожарникари кои би требало за минимална плата да го ризикуваат сопствениот живот. Цела година немаат абер да почнат да работат. 

Населението само се спасува, кравите бегаат и не ја пасат тревата, пожарите беснеат, само Мицкоски не е крив. 

Можете да прочитате

Македонец и Албанец осудени за брутално убиство во Малта – едниот со 40 години, другиот доживотно

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран