Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мизрахи и ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните, сите нивни лаги за Филипче се разобличени

Sdsm 2.webp.webp

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

СДСМ продолжува да ја информира јавноста за вистината во врска со лажните обвинувања кои ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката Рашела Мизрахи ги пласираа за случајот со Клиниката за онкологија.


Документите кои вчера беа презентирани јасно покажуваат дека стручните комисии биле формирани и работеле согласно законските процедури, а шестмесечните извештаи од Клиниката за онкологија биле редовно подготвувани.

Обвинувањата на Мизрахи кон Филипче дека е одговорен за тоа дека „никогаш не биле формирани стручни комисии” и дека „недостасувале шестмесечни извештаи” не се само неточни, туку и намерни обиди за манипулирање со јавноста.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на вчерашната прес-конференција презентираше материјали кои ги побиваат сите наводи. Тие документи се веќе доставени до Обвинителството и очекуваме да бидат предмет на натамошна истрага. Очекуваме истрагата да покаже зошто овие документи не биле доставени до надлежните органи во моментот кога биле побарани и зошто се дозволи јавноста да се доведе во заблуда дека Филипче е одговорен во случајот.

СДСМ ја повикува Рашела Мизрахи и ВМРО-ДПМНЕ на јавно извинување за пласирањето на лажни и неосновани обвинувања. Наместо да се водат деструктивни кампањи, треба да се поддржи транспарентноста и вистинската борба за здравјето на граѓаните.

Фокусот на СДСМ останува на вистината, одговорноста и јакнењето на здравствениот систем. Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината, а сите политички манипулации кои ја загрозуваат довербата во здравството мора да бидат разобличени.

СДСМ ќе продолжи да инсистира на целосна транспарентност и истрага за овој случај.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче

Облачно со локален дожд, температури до14 степени

Повикот за бојкот на маркетите добива се поголема поддршка, Владата со засилени контроли во трговските ланци