Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Министре, батериите ли се криви за бегството на Груби?

Sdsm Sdsm.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Дали министерот за внатрешни работи Тошковкси конечно ќе преземе одговорност за катастрофалното функционирање на МВР и бегството на Груби? 


Последните информации за бегството на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, каде што „батериите” на камерите не работеле токму кога тој ја напуштал границата предизвика потсмев од граѓаните. До кога министерот ќе ја замајува јавноста и кога планира да признае дека ова е договорено бегство? 

Како што објави Министерството за внатрешни работи, полициските службеници од граничниот премин „Блаце” не ги почитувале процедурите, иако за Груби постоело јасно известување „задржи и веднаш извести”. Наместо тоа, тие не го провериле системот, дозволиле возилото да помине без соодветна контрола и не ги регистрирале патниците како што налага законот. Притоа, во критичниот момент камерите „случајно” не функционирале.

СДСМ денес ќе објави сериозни индиции за вмешаност на МВР и Тошковски во целото бегство и нови „случајности” кои ќе отоворат сомнеж за вмешаноста на МВР во целата работа. 

СДСМ ќе продолжи да инсистира на транспарентност, одговорност и функционални институции кои ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните.

Можете да прочитате

Исплатени К-15 и јубилејна плата: Синдикатите со благодарност до Мисајловски

МНР му врачи протестна нота на рускиот амабасадор во Македонија

Уверение за државјанство од следната година ќе може да се вади електронски