Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски во четири месеци не понуди план за ниедна стратешка област

Sdsm.png

СДСМ го критикува Мицкоски за тоа што за четири месеци нема понудено конкретни и мерливи цели во ниедна стратешка област. Во соопштението, СДСМ потсетува дека обединувањето околу стратегија е можно само доколку се понудат конкретни решенија и мерливи цели кои би биле во интерес на граѓаните.

„Мицкоски за четири месеци не понуди конкретни и мерливи цели во ниедна стратешка област, а тоа е она што ни треба за вистински напредок,“ се вели во соопштението. Според СДСМ, не може да се очекува обединување околу празни реторики, туку околу јасни цели и планови.

СДСМ, исто така, потенцира дека во периодот откако Мицкоски ја презеде власта, е забележан драстичен пад на животниот стандард на граѓаните. Лошите економски политики, ниските плати и заштитата на трговците на сметка на граѓаните дополнително ја влошуваат ситуацијата, а на ова се надоврзува и безбедносната криза, со зголемени престрелки и царување на криминалците на улиците.

„Додека Владата на ВМРО-ДПМНЕ паушално најавува борба против корупцијата и криминалот, во реалноста се помилуваат нарко-дилери и картели, што ја доведува безбедноста на граѓаните во сериозна опасност,“ истакнува СДСМ.

Назадувањето на демократијата и назначувањето на партиски кадри на клучни безбедносни институции е дополнителен сигнал за насоката во која се движи Владата.
СДСМ бара конструктивност од ВМРО-ДПМНЕ и конкретни решенија кои ќе донесат реални резултати за граѓаните, наместо реторика која не носи никаков напредок.

Можете да прочитате

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца