Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски вели технички исправна вода во Гостивар -утре, но кој да му верува?

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Вчера министерот Kлековски призна дека е нивна грешка.

Денес одговорноста веќе е префрлена на локално ниво.

Како пинг-понг.

Никој не превзема одговорност. Само се префрла.

Утре Гостивар треба да добие „технички исправна” вода.

Значи – сè уште не за пиење.

И сега прашањето е едноставно:

Како да им веруваме?

Кога на Мицкоски и на неговата влада црвените светла и алармите им доцнат,

како да веруваме дека оваа „техничка” вода утре ќе биде безбедна дури и за капење?

Како да му веруваат граѓаните на Мицкоски за водата,

кога тој лажеше за сè?

Лажеше дека ќе го врати името. Лажеше за Преспанскиот договор. Лажеше за НАТО.

Лажеше дека се загрозени јазикот, културата и националниот идентитет.

Лажеше дека ќе ги исполни реформите до 1 Јуни.

Лажеше за подобри преговарачки услови со ЕУ – добивме изолација. Лажеше дека правосудството е независно – го приватизираше целосно, само за своите интереси.

Лажеше за повисоки плати и пензии. Лажеше за подобри услови за земјоделците.

Лажеше дека се патриоти и дека немаат бугарски државјанства. На крај, имаат речиси сите, и нивните семејства.

И не само пасоши – имаат и фирми и бизниси во Бугарија.

Лажеше за сè.

Дојде на власт со лаги.

Владее со лаги.

Како сега да му веруваат за водата оние што му веруваа кога го гласаа?

Утре пак ќе ја слушнеме истата приказна: никој не е виновен,

само алармот се активирал доцна?!

Можете да прочитате

Пронајден човечки череп во атарот на село Лабуништа

Вчера осум уапсени лица за дрога во Македонија

16 годишно момче починало на скопските клиники откако претходно било донесено во бессознание