Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски увезува, граѓаните плаќаат – Нови 10 милиони евра за скапа струја

Struja.jpeg

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

СДСМ ја осудува неспособноста на владата предводена од Христијан Мицкоски да обезбеди стабилен и одржлив енергетски систем. Наместо да се вложува во зголемување на домашното производство на електрична енергија, власта повторно увезува скапа струја. Само за овој месец, граѓаните ќе платат дополнителни 10 милиони евра, а за последните три месеци вкупната сума за увоз надмина 20 милиони евра.

Ваквиот трошок директно го плаќаат граѓаните, кои веќе страдаат од високите сметки за електрична енергија. Ова е директен резултат на неспособноста на власта да управува со нашите најголеми енергетски капацитети.

РЕК Битола, најголемиот домашен енергетски капацитет, долг период не работеше, а сега функционира само делумно, бидејќи ремонтот кој требаше да биде завршен одамна сè уште трае. Дополнително, хидропотенцијалите, кои би требало да обезбедат значителна количина енергија, работат само со 13% од својата акумулирана енергија, што е далеку под просечниот капацитет.

Оваа влада е неспособна да ги реши енергетските проблеми и на граѓаните им остава само долгови и скапи сметки. Наместо одговорна енергетска политика и инвестиции во обновливи извори и зголемување на домашното производство, добиваме хаос, скапа струја и хронична негрижа.

СДСМ повикува на одговорност од владата предводена од Мицкоски. Граѓаните не смеат да бидат тие што ќе го плаќаат цената за неспособноста на оваа власт. Потребна е итна реорганизација и инвестиции во домашното производство на електрична енергија. Граѓаните заслужуваат стабилен и ефикасен енергетски систем, а не хаос и долгови.

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот