Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски се обидува да воведе диктатура

20260905135506 big 730x400 80.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Мицкоски прво ја превзеде полицијата, па потоа и судовите и обвинителството. Полугите на моќ ги користи за заплашување на политичките противници.

Прво забранија да се зборува за мигрантите. Изгласаа декрет во Собранието по теркот на Хитлер.

Во Ново Село нападнаа деца поради транспарент со предупредување за неисправна вода.

Вчера повикаа советник на СДСМ од Кавадарци во полициска станица поради Фејсбук статус за незадоволството на лозарите.

Што ќе биде утре?

Техниките на заплашување уште од времето на Сашо Мијалков и Груевски, против кои се изборивме пред 11 години.

Од Илинден водат фашистичка кампања „Талог” по моделот на Ванчо Михајлов.

Намерно предизвикуваат меѓуетничка омраза со секојдневни објави на социјалните мрежи.

СНС бот-централа и трол-фарми работат од Белград за ВМРО-ОКГ.

Орбановите 40 проценти медиуми одамна промовираат недемократски и анти-ЕУ вредности. Сега воведуваат Вучиќева тешка артилерија за целосно да ја замрачат медиумската сцена.

Латас управува со медиумите со Гебелсовите техники – колку погласно и повеќе, лагата ќе стане вистина.

Ја уништија економијата и ја ограбија земјата. Народот е на работ на егзистенција а тие се обидуваат да му забранат да го крене гласот.

Нема да ви помине.

Овој народ отсекогаш бил слободарски. Нема да толерира тиранија на една криминална група предводена од Мицкоски.

СДСМ ќе се бори со сите демократски средства против оваа сè поотворена диктатура.

За слобода на говор. За правото на граѓаните да протестираат. За одговорност. За европска Македонија, а не за враќање во најмрачните години.

Граѓаните не се талог.

Народот ќе победи.

Криминалците ќе одговараат.

Власта ќе биде вратена на граѓаните.

Можете да прочитате

Косел со тример и предизвикал пожар, полицијата уапсиммаж од Македонски Брод

Уапсен кавадарчанец, најдени му се дрога и пари

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсењето на вработен кој се обидел да земе мито, тоа тешко го сфаќа СДС