
Соопштение на СДСМ:
Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија.
Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста.
Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот.
Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%.
Странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година со СДСМ.
Ова се реалните катастрофални резултати на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа граѓаните секој ден го гледаат, животот е сè потежок, а Македонија економски назадува.