Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски нема план и нема став, Апасиев го зема во заложништво

СДСМ: Левица и Апсиев се реална закана за европскиот пат, Мицкоски е нивни заложник
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

СДСМ има обврска да го држи кормилото на државата во вистинскиот, европски правец и да ги спречи сите обиди за негово загрозување, затоа што постојат закани на европскиот пат на земјава, велат од оваа партија.

dobivaj vesti na viber

„Левица и Димитар Апасиев, со опасниот популизам, со својата анти-НАТО и анти-ЕУ потпалувачка реторика е фактор кој работи на загрозување на европскиот пат. Опасноста е присутна и е се поголема затоа што оваа партија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги зема како нивни заложници. ВМРО-ДПМНЕ е целосно идеолошки обезличена а Мицкоски е слаб, нема став, нема визија и нема државничко чувство“, се истакнува во соопштението на СДСМ.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од партијата на власт, немаат план, а тоа го признаваат и високи функционери на партијата.

„Левица со своето дејствување стана десница и ги зема во целосно заложништво Мицкоски и ВМРО–ДПМНЕ. Таквите потпалувачки политики може да ја уништат иднината на земјата и да го попречат европскиот пат, но тоа СДСМ нема да го дозволи“, се подвлекува во напишаното од страна на СДСМ.

Можете да прочитате

Скопјанец ја натепал поранешната девојка удирајќи ја по главата и телото, па ја исфрлил од кола туркајќи ја меѓу столбчиња

Пензионерите од Кавадарци добиваат бесплатен превоз

МВР расчисти вкупно 12 случаи на „измама“, од слобода е лишена 23-годишна скопјанка