Утрински Весник
Економија

СДСМ: Мицкоски лаже за „вратениот долг” – има само ново задолжување

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Христијан Мицкоски во последните денови со голема помпа тврди дека неговата Влада за две години „вратила” 4,6 милијарди евра стари долгови и обезбедила ликвидност.


Меѓутоа, податоците на Министерството за финансии покажуваат сосема поинаква слика.

Според официјалните податоци вратени се 660 милиони евра. Разликата од речиси 4 милијарди евра е постигната така што организована криминална група ВМРО земала нови кредити за да ги врати старите.

Само во последниот период се земени нови задолжувања од над 1,76 милијарди евра, кои сега се претставуваат како „успех” во враќање на долговите.

Ова не е враќање на долг, туку класично рефинансирање – земаш нов кредит за да го вратиш стариот, а потоа го продаваш како голем успех.

На овој начин јавниот долг не се намалува, туку се одржува на високо ниво, а граѓаните плаќаат камати на новите задолжувања.

Мицкоски и oрганизована криминална група ВМРО веќе две години ја водат истата политика на лажен успех.

Ветуваа дека ќе го намалат долгот, а наместо тоа го зголемија за над 2,5 милијарди евра (кои ќе ги враќаат нашите деца и внуци) во бруто износ, притоа криејќи го фактот дека новите задолжувања се користат за враќање на старите.

Граѓаните имаат право да знаат вистината:

Нема враќање на долг. Има само префрлање на долговите од една банка на друга, со нови камати и со нов товар за идните генерации.

Ова е уште еден доказ дека Мицкоски не решава проблеми – тој ги маскира со лажен маркетинг и статистички трикови, како што Македонија е “трета економија во Европа”, со празни паричници и празни фрижидери.

Можете да прочитате

Мицкоски најави сериозно намалување на цените на нафтените деривати

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското Море