Утрински Весник
Македонија

СДСМ:Мицкоски кој не пробал цреши фрла илјадници евра месечно за лајкови

Mickoski2.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски кој јавно вели дека не пробал цреши, месечно троши илјадници евра за реклами на Фејсбук, стои во соопштението од СДСМ до медиумите.

Додека луѓето едвај врзуваат крај со крај поради огромните поскапувања, додека нема пари за поголема минимална плата и додека луѓе умираат бидејќи нема лекови Мицкоски фрла илјадници евра за лајкови.


Само една реклама на профилот на Мицкоски чини 600 евра, многу повеќе од минимална плата.

Тоа што Мицкоски ги убедува граѓаните дека им е доволно за цел месец го троши на Фејсбук за неколку дена. Каков безoбразлук, какво лицемерие.

Да се фрлаат илјадници евра за реклми на Фејсбук покажува дека на оваа власт не и се важни граѓаните.

За Мицкоски поважно е да фрла илјадници евра за лајкови, да се слика и да се снима, а за граѓаните баш му е гајле, нека се мачат како ќе го поминат месецот, стои во соопштението од СДСМ.

Можете да прочитате

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР

Нови правила за пушење: Кафето со цигара само на тераса со посебен влез