Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

Pres Bogdanka Kuzeska 19.08.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од одговор на новинарско прашања на Богаднка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Најавите дека дополнително ќе се одлага носењето некакви мерки за намалување на цените покажува дека владата на Мицкоски нема економски концепт и не се грижи за стандардот на граѓаните.

Му е гајле на Мицкоски за граѓаните.

Цените на храната растат неконтролирано и владата досега веќе требаше да излезе со мерки за намалување а не да чека. Наместо да ги замрзне цените на производите власта на Мицкоски ги замрзна платите, што е целосно погрешно.

Тоа не е случај со Владите од соседството кои на големо спроведуваат акции за намалување на цените а платите продолжија да растат. Во Србија на пример поевтинија над 700 производи.

Кај нас Владата на Мицкоски доцни и мачка очи со цени на моливи и фломастери која исто така беше задоцнета мерка. Со вакви погрешни, катастрофални економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа.

Можете да прочитате

Набавка на 100 нови амбулантни возила и уредување на паркингот кај Клиничкиот центар

Хуманитарна акција ,,Од сестрите за сестрите”

ВМРО-ДПМНЕ: Андреј Жерновски не е и не може да биде нов лик на СДС