Утрински Весник
Македонија

Алиу и Рокас ги отворија европските перспективи за македонското здравство

1839db93 6efd 450a 875a 0abc5d5ae426.jpeg

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава, Михалис Рокас, на која се разговараше за реформите во здравствениот сектор, европската поддршка и натамошното унапредување на здравствениот систем.

Во фокусот на разговорите беше и претстојното потпишување на договорот за учество на Република Северна Македонија во програмата EU4Health, кое ќе се одржи утре во Брисел.


Од Министерството за здравство истакнуваат дека приклучувањето кон програмата EU4Health претставува значајна можност за модернизација на македонскиот здравствен систем преку пристап до европски програми, партнерства и експертиза во повеќе области, меѓу кои јавното здравје, превенцијата, дигиталната трансформација, безбедноста на пациентите и зајакнувањето на здравствените капацитети.

На средбата беше нагласена и заедничката заложба за продолжување на реформските процеси и усогласување на домашните политики со европските стандарди во здравството.

Министерството за здравство останува посветено на создавање посилен, поефикасен и подостапен здравствен систем за сите граѓани, преку интензивирање на соработката со Европската унија и искористување на можностите што ги нудат европските здравствени програми.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Беким Сали ја претставуваше државата меѓу европските државници во Париз

Уапсен нарко дилерот кој побегна од полициската станица во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик