Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски да не бега туку да каже што одлучи: за ЕУ или за Левица?

Мицкоски: Шокантна беше сликата со коктел да се одбележува крајот на грејната сезона

Според владејачката партија пред нашата земја е историска шанса за продолжување на европскиот пат и одговорност на сите политички субјекти е да се приклучат на тој пат.

dobivaj vesti na viber

Потребно е, велат од СДСМ, да се искористи моментот и поддршката од САД за да се реализира уште една стратешка цел – полноправно членство во ЕУ.

„Но и овој пат како и многу пати претходно кога се решавале важни прашања од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ гледаме несериозност, неодговорност и пречесто менување на ставовите. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучат и да кажат што одлучиле: дали ќе се приклучат на блокот за ЕУ или ќе останат во заложништво на Левица. Ова е момент на вистината за Мицкоски кој со недели бега од одговор на ова прашање a ставовите ги менува секој ден“, истакнуваат во нивното соопштение.

Наместо да ја замајува јавноста, Мицкоски, посочуваат од СДСМ, треба да ги среди своите ставови, да излезе пред јавноста и да каже што одлучи: Дали е за ЕУ или ќе продолжи во антиевропскиот блок заедно со Левица?

Можете да прочитате

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така ќе растат пензиите

Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори

Променливо облачно со повремен дожд и посвежо