Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски ја поддржува ама и не ја поддржува акција на САД

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Христијан Мицкоски вели дека ги поддржува САД како стратешки партнер и владата ја поддржува акцијата во Венецуела, ама од друга страна  вели дека е спротивно на меѓународното право.

„Во животот, кога еднаш ќе направите исклучок, тој потоа станува пракса и таа пракса е прашање на време, не дали туку прашање на време е кога ќе се удри од вашиот грб“, рече денеска Мицкоски.

За Мицкоски ниту ЕУ не се грижи за меѓународното право. Бидејќи лично тој го блокираше европскиот пат на Македонија самиот го потврди она што го говориме, разоткриен е.

Значи Мицкоски ја поддржува ама и не ја поддржува акцијата на САД.

Зошто? Затоа што можеби утре го чека истата судбина како Мадуро?

Денеска неговиот „стрико“ од Белград – Вучиќ, го нападна претседателот Трамп преку своите медиуми. По седницата на Советот за безбедност, најави дека армијата двојно ќе го зголеми воениот капацитет. И тој се плаши од апсење очигледно.

САД веќе носат посебен Закон за Западен Балкан со фокус на борбата против криминалот и корупцијата.

Нема бегање, сите ќе одговараат!

Можете да прочитате

На конкурсот за годишните награди на ДПМ за 2025-та пријавени 53 наслови

Претрес во неготинско, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ